Home Вебкафе Несреќа во Ниш: Девојка го загуби животот додека снимаше видео на покрив од зграда

Несреќа во Ниш: Девојка го загуби животот додека снимаше видео на покрив од зграда

19-годишната нишлијка Ивана М. со својата трагедија го потресе Ниш минатиот викенд.

Според информациите кои ги пренесуваат српските локални медиуми, Ивана во обид да си направи селфи видео за на интернет, паднала од покривот на една станбена зграда и го загубила животот.

Српските медиуми пренесуваат дека Ивана додека го снимала видеото се движела наназад по покривот. Во еден момент дошла до работ, изгубила рамнотежа и паднала на плочникот. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на самото место.

Ноќта помеѓу сабота и недела, со уште двајца пријатели била на покривот од станбената зграда.

„Слушнавме како некој вика помош, помош. Кога излеговме надвор од зградата видовме тело на девојче. Беше страшно. Се уште не можам да дојдам на себе од шокот“ – изјави жена сведок на трагедијата, која живее во зградата.

Load More Related Articles
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

„ФАНТОМСКА“ МАГИЈА НА СЦЕНА: ШТО ОТКРИВМЕ ЗА „ФАНТОМОТ ОД ОПЕРАТА“ ПРЕД ЕКСКЛУЗИВНАТА ПРЕМИЕРА ВО САВА ЦЕНТАР?

11/02/2025 Најпопуларниот светски мјузикл Фантомот од Операта пристигнува во Белград на св…