„Непотизам и економија“ – Манчевски со огорченост говореше за општата состојба во Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Разочаран и револтиран од состојбите во Македонија, Манчевски во своето видео обраќање го пренесува своето патешествие да дојде до некаква поддршка од македонската држава за неговите филмови кои постигнаа огромен меѓународен успех.

Тој неговото видео обраќање го наслови како „Непотизам и економија“, а зборува за неговите патешествиа како да добие финансии за неговите филмови „Пред дождот“ (7% учество од македонскиот филмски фонд) и „Прашина“ (5%). Тоа се многу помалку пари од она што го добиваа синовите на, на пример познат македонски режисер или синот на поранешен шеф на полицијата или синот на поранешен владин портпарол, вели Манчевски во своето видео обраќање.

Видеото е снимено специјално за меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“.