Home Шоубизнис Некогаш фатална секс бомба и заводничка, денес со сосема поразличен стил

Некогаш фатална секс бомба и заводничка, денес со сосема поразличен стил

Канадско-американската актерка и модел, Памела Андерсон, во целост го измени својот физички изглед. Некогашната неприкосновена заводничка буквално не си личи на себеси со новиот, понежен и „поблажен“ изглед.

Како што пренесуваат странските медиуми, модниот вкус на Памела и тоа како се променил. Таа отсекогаш била позната по провокативниот моден стил и во поголем дел од својата кариера се облекуваше провокативно, со доста нагласена шминка. Но, како што почна да се откажува од нагласување на својата фигура, актерката почна да изгледа и да се носи во сè подамски стил.

Памела направи голем моден пресврт и сега тоа го прави на многу префинет начин. Се откажа од потенцирање на шминката и секоја прилика при јавни настани изгледа поприродно.

Ова лето ќе наполни 50 години, но и понатаму е во добра форма.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …