Нефи и брат му Ибро Усеини сами се пријавија во полиција и завршија во притвор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако прво се даде во бекство, за време на кое си отвори и фирма во Битола, охридскиот општински советник Нефи Усеини се предаде на полицијата.

Охридскиот советник на ДУИ, Нефи и неговиот брат Ибро Усеини од денеска се во притвор. Браќата Усеини во охридскиот затвор ќе бидат осум дена поради нападот врз нивниот сограѓанин Спиро Топалковски. Браќата се осомничени дека ги сториле кривичните дела насилство и неовлстено поседување оружје. Тие цела една недела беа во бегство од полицијата.

Топалкоски прво тврдеше дека е нападнат и удиран со пиштол, а потоа се предомисли и преку соопштение тврдеше дека не видел пиштол, туку бил удрен одзади додека разговарал со неговиот пријател Нефи Усеини.

Советникот од ДУИ, пак, негираше дека имал пиштол. За инцидентот во охридскиот хотел има и снимки. Според извори од истрагата, на безбедносните снимки се гледа пиштолот кој служел при нападот. Случајот со нападот на Топалковски од страна на Усеини го истражува охридското Обвинителство.

И додека Нефи Усеини беше во бегство, тој отвори фирма во Битола. Негов бизнис партнер е Оливер Тилоски, со кој е основач на фирмата „БЕТОН 2020 Н&О“ ДОО Битола, со дејност производство, трговија и услуги. Барањето за отворање фирмата е основана пред еден месец со влог од 5.000 евра, а вчера доби и решение од Централниот регистар. Со неа ќе управува советникот на Охрид, Усеини.