Home Живот и здравје Недостиг на витамин Д3 – Внимавајте на овие симптоми

Недостиг на витамин Д3 – Внимавајте на овие симптоми

НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИН D3 – ОВИЕ СИМПТОМИ ТРЕБА ДА ВЕ ЗАГРИЖАТ

За недостаток на витамин D често слушаме, особено во есенско-зимскиот период, кога деновите стануваат пократки, а сонцето ретко се појавува зад облаците.

Сепак, не секој е свесен колку сериозни последици може да има недостатокот на овој витамин врз телото.

КАКВА УЛОГА ИМА ВИТАМИН D ВО ТЕЛОТО?

Витаминот D е клучен за здравјето на коските, бидејќи е задолжен за апсорпција на калциум и фосфор во клетките. Исто така, го регулира функционирањето на кардиоваскуларниот систем и го потпомага нервниот систем. Дополнително, научно е докажано дека витаминот D3 има антибактериско дејство и го стимулира имунолошкиот систем, што го прави организмот поотпорен на инфекции. Благодарение на своите антиоксидативни својства, се користи и во превенција од рак.

КОЛКУ СЕ СЕРИОЗНИ СИМПТОМИТЕ НА НЕДОСТАТОК?

Често се зборува за недостаток на витамин D, но не секогаш препознаваме какво влијание има тоа врз нашето здравје и расположение. Исцрпеност, поспаност и депресивни состојби се само дел од симптомите кои може да се појават поради недостиг на овој витамин. Луѓето со понизок нивото на витамин D3 често се соочуваат и со прекумерно опаѓање на косата и ослабен имунитет.

Нискиот витамин D3 може исто така да придонесе за појава на сезонско афективно нарушување и е често поврзан со чувството на преоптовареност, тага, анксиозност и депресија.

КАКО ДА СЕ ВНЕСУВА ВИТАМИН D?

Познато е дека изложеноста на сонце е најлесниот начин за телото да произведе витамин D, поради што во темните зимски месеци сме особено чувствителни на неговиот недостаток. За да се стимулира природната продукција на D3, се препорачува најмалку 20 минути дневно поминати на сонце, што, сепак, не е секогаш возможно зимно време.

Малкумина знаат дека овој витамин може да се внесе и преку храна. Лососот, туњата, млечни производи со поголема масленост, сардините, говедскиот џигер, маслото од црн дроб на бакалар и жолчките од јајце се одлични природни извори на витамин D3.

Најефективен начин за надополнување на недостатокот е преку суплементација. Зависно од резултатите од анализа на крв, витаминот D обично се препорачува во количина од 2000 до 4000 единици дневно. Најдобро се апсорбира после оброк богат со маснотии.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

3 типа физичка активност што го разрушуваат стресот

3 ВИДА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ ШТО ГО НАМАЛУВААТ СТРЕСОТ Не можеме целосно да се заштитиме од ст…