„Не сте слаби. Појаки сте од сѐ што пробало да ве скрши. Мора да се сакате себеси“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Убави сте. Без разлика на тоа што другите мислат за вас, вие мора самите да се видите.  Научете да се сакате себеси, и тогаш сето останато ќе биде како што треба.

„Вашите лузни, линии, облини и недостатоци ве прават тоа што сте и така сте најубави. За да бидете симпатични треба само да ја зголемите храброста и љубезноста“.

Само вие сте важни

Вредите повеќе од било кои пари што ги трошите на шминка и општо на козметика за да изгледате совршено. Повеќе сте од сите оние викенди, но после 10 години на што ќе се сеќавате? На дечкото или девојката со кој сте ја поминале ноќта, а наутро ги немало. Или пак на пијаните луѓе кои биле околу вас, но и на тие што велат дека тоа им е најубава ноќ во животот.

Од некоја причина можеби не сте совршени според стандардот на „нормата“. Но, тоа е само еден нивен поглед на светот, вие вредите повеќе од тоа.

Сакајте се себеси

Можеби ќе се разбудите тоа утро и ќе објавите слика со „модерен“ хаштаг, а сето тоа не мора да го правите. Оттргнете го тој смартфон поради кој се чувстувате така осамени и лошо. Се што ви е потребно е сопствената потврда и доверба.

Можеби и на партнерот не му верувате кога ви кажува колку сте убави. А можеби и внатрешните гласови исто така ги игноритате како него.

Не е важно што другите мислат

Затоа секој пат кога ќе поминувате покрај луѓето кои ги знаете покажете им љубов, насмевнете се, поздравете гии бидете пристојни. Тие ќе ви возвратат со иста мера. Така и вашиот глас нема да се „потфаќа“ кога ќе изговарате дека тоа сте вие. Ќе се стекнете со самодоверба и сигурност.

Затоа не се грижете што другите мислат. Простете им на оние поради кој сте се чувствувале помалку вредни и простете си себеси исто така.

Не сте слаби. Вие сте појаки од се што пробало да ве скрши.