Home Живот и здравје Не го менувај него, смени се себеси

Не го менувај него, смени се себеси

Еден од најчестите проблеми во современите врски е потребата жените да го менуваат, односно да го „подобруваат“ својот маж.

Оваа женска тенденција е присутна во толкава мера што многу често излегува надвор од границите на реалноста. Мажот престанува да биде еднаков партнер, и станува нејзин личен проект – нешто на кое таа работи секојдневно се додека не го „докриера“ до совршенство. Што, се разбира, никогаш не се случува.

Со исклучок на ретки случаи, жените имаат изразена склоност да работат на промени во однесувањето, облекувањето, говорот, а неизбежно и размислувањето на нивниот партнер. Малку е да се каже дека ова е погрешен пристап – дами, треба да се потсетите дека сте се заљубиле во НЕГО, а не во верзијата што мислите дека можете да ја направите од него. Секој од нас, во некоја мера, има потреба од поддршка од партнерот за да се изгради како личност, но целосната трансформација во име на љубов не е оправдана.

Она на што треба да се работи во вакви ситуации сте вие самите.

Доколку тргнувате од претпоставката дека сте совршени и дека сите околу вас треба да бидат такви, веројатно никогаш нема да бидете задоволни. Ако ја прифатите вистината дека единственото нешто на кое навистина можете да влијаете сте ВИЕ самите, светот ќе ви стане многу попријатно место.

Да го поедноставиме. Многу често ви пречи нечије однесување, конкретно на вашиот партнер – нешто ве иритира, ве вади од рамнотежа. Но, прашањето е: проблемот е во него, или во вашата способност да го прифатите?

Ако постојано барате нечии маани, грешки или ситни навики кои ќе ве изнервираат – ќе ги најдете. Ќе ги измислите дури и ако не постојат. Светот што нè опкружува е проекција на нашиот внатрешен свет. Нашата внатрешна прочистеност, односно личната промена, има директна поврзаност со сè што нè опкружува, вклучително и со луѓето. Доколку се обидете да му пристапите некому со позитивна енергија – ќе ја видите неговата подобра страна. И обратно.

Секој од нас носи одредена енергија во себе. Со своето однесување влијаеме и врз другите. Ако престанете да бидете личност која во сè бара несовршености, може да откриете дека тие несовршености никогаш и не ни постоеле. Или можеби токму тие ве натерале да го засакаете својот партнер. Вибрациите што ги емитираме секогаш се враќаат назад, како бумеранг. Промените во вас водат до промени во вашата околина.

Важно е да разберете дека никој не може да ве натера да реагирате бурно, да се расправате или да се лутите – освен ако тие чувства веќе не се дел од вас. Децата се можеби најдобриот пример за тоа – тие се огледало на нас. Сè што ве нервира во нивното однесување е нешто што тие го виделе од вас.

Запрашајте се: дали истото важи и за вашиот партнер?

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

5 летни навики што го подобруваат здравјето на срцето

Уживајте во летото, додека истовремено го зајакнувате срцето Летото не е само време за одм…