Науката потврди: што најмногу привлекува мажи кај жените
Многупати сме зборувале за тоа што ги привлекува мажите кај жените, но сега за првпат е направено сериозно научно истражување.
Според ново истражување спроведено на Универзитетот во Тексас, мажите повеќе ги привлекуваат жени со поголемa и округлa задница. Ова не се поврзува со личен фетиш, туку со еволутивната перцепција дека жените со поголема задница се поздрави и подобро способни да износат и раѓаат здраво потомство. Во овој контекст, популарноста на Ким Кардашијан, Бијонсе и Софија Вергара кај мажите е сосема разбирлива.
Освен задникот, постојат и други физички карактеристики што буквално ги воодушевуваат мажите.
Крупни очи
Девојките со големи, крупни очи кои потсетуваат на срна, кај мажите ја будат заштитничката природа и желбата да бидат покрај нив. Покрај тоа, ваквите очи со продорен поглед делуваат младолико и свежо. Ако на тоа се додадат долги трепки и негувани веѓи, настанува магичен поглед кој малку кој маж може да го игнорира.
Полни усни
Кога мажите ќе здогледаат полни и сјајни усни, скоро и да не можат да размислуваат за ништо друго освен за бакнеж. Затоа не се навредувајте доколку зборувате за сериозни теми, а забележите дека тој ви ги гледа усните – тоа е природен инстинкт и тешко се контролира.
Гради
Кај градите мислењата се поделени. Според истражувањето, некои мажи претпочитаат помали гради кои изгледаат природно и цврсто, додека други се вистински обожаватели на големи гради. Вкусот варира, но привлечноста е несомнена.
Добро дефиниран стомак
Порано се веруваше дека мажите повеќе сакаат жени со мек, малку заоблен стомак. Но новите истражувања покажуваат дека рамен, стегнат и добро дефиниран стомак е нешто што мажите го наоѓаат особено атрактивно. Веројатно тоа асоцира на здравје, самодоверба и посветеност на себе.