Home Живот и здравје Научно потврдено: кучињата се природни детектори на лаги

Научно потврдено: кучињата се природни детектори на лаги

Многу луѓе ги сметаат кучињата за најдобри пријатели

Истражувањата на тимот на јапонскиот научник Акико Такаока од Универзитетот во Кјото потврдуваат дека кучињата имаат силно развиено шесто сетило, кое ги штити и нив и нивните сопственици од опасности. Ајде да видиме како тоа функционира.

„Не им верувам на луѓето што не сакаат кучиња, ама верувам на куче што не му верува на одреден човек.“

Кучињата брзо учат од сопствените искуства

Во експериментите во кои учествувале околу триесет кучиња, било утврдено дека лесно ја препознаваат човечката неискреност и стануваат недоверливи кога некој се обидува да ги измами. Тие веднаш проценуваат кој човек не е искрен. Истражувачите покажале со прст кон садови со храна – кучињата ја следеле раката, но не откриле ништо, садовите биле празни. Втор пат истото. Третиот пат, кучињата веќе не реагирале затоа што преку претходните искуства сфатиле дека не станува збор за вистина, и веќе не им верувале на експериментите.

Мирисот открива многу повеќе отколку што мислиме

Нашите миленици имаат многу посилно развиено чувство за мирис од луѓето. Преку мирисот ја доживуваат околината. За неколку секунди ги забележуваат промените и ја чувствуваат намерата на човекот, во зависност од неговото однесување и мирисот што го испушта. Кога некој е под стрес или во страв, телото лачи повеќе адреналин, што предизвикува засилено потење. Кучињата веднаш реагираат на таа енергија – или со агресија или со страв. Тоа зависи од природата на кучето, но сигналот го препознаваат без грешка.

Кучињата ни помагаат да воспоставиме и одржиме вистински контакт

Понатамошните истражувања покажуваат дека кучињата се неверојатно лојални на своите сопственици и многу добро ги препознаваат квалитетните социјални интеракции меѓу луѓето. Во еден експеримент, сопствениците на кучиња побарале помош од група луѓе. Некои од нив им помогнале, а други не. Подоцна, сите од групата им понудиле на кучињата посластici. Кучињата прифатиле посластici само од оние што им помогнале на нивните сопственици и ги игнорирале останатите. Навистина, кучето е најдобар пријател на човекот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …