Ако ви се зацрвенуваат образите лесно и ако случајно кликнавте на насловот, веројатно нема да поверувате дека звуците што жените ги испуштаат за време на секс биле предмет на научно истражување.
Научниците спроведоа различни истражувања за да дознаат: Дали звуците што жените ги испуштаат за време на секс се рефлексни или се должат на оргазам?
Основното прашање беше дали овие звуци се ненаменски рефлекс кон оргазмот (или поврзано со оргазмот) или е независен акт на патот до врвот. Во истражувањето учествуваа 70 сексуално активни жени хетеросексуалки, просечна возраст од 22 години. Во согласност со претходните истражувања во истата област, жените често одговараат дека постигнуваат оргазми преку мастурбација или самостимулација, а потоа доаѓаат оргазми од страна на партнерот. Оралниот секс е трет кој може да доведе до оргазам, а најретко жени доживуваат оргазам кога мажот продира во нив. Исто така, жените открија дека најчесто доживуваат оргазам за време на предиграта.
Што се однесува на звуците, изненадувачки е дека тие не се поврзани со женскиот оргазам. Истражувачите открија дека жените главно мрморат кога мажот доаѓа до оргазам, обично пред или за време на ејакулација.
Истражувачите го објаснија ова вака: “Овие податоци јасно покажуваат дека постои празнина помеѓу времето кога жените доживуваат оргазам и продукцијата на звук. Тоа покажува дека постои барем еден елемент од овие реакции кои се под свесна контрола, која овозможува на жените да манипулираат со однесувањето на мажите во нивна корист.”
Заклучокот според ова истражување е дека жените мрмораат за време на секс, не за да го изразат своето задоволство, туку за да му помогнат на мажот да доживее оргазам. Ова е во согласност со идејата дека сите имаме свои идеализирани сценарија во главите за тоа како треба да изгледа односот и дека нашиот партнер го сака тоа.
Научниците исто така тврдат дека можеби звуците што жените ги испуштаат за време на секс се дел од сексуално идеализирано сценарио или реакција на она што жените веруваат дека нивниот партнер го сака.