Home Шоубизнис Натпреварувачите една година поминаа во дивина, па дознаа дека нивното шоу веќе не се емитува

Натпреварувачите една година поминаа во дивина, па дознаа дека нивното шоу веќе не се емитува

После една година помината во шкотските дивини, натпреварувачите од шоут Eden ги напуштија своите новоизградени домови и се вратија во цивилизација. А таму ги дочека непријатно изненадување – ТВ шоуто веќе со месеци не се прикажувало на телевизиските екрани.

Последните десет натпреварувачи од реалното шоу на Channel 4 по враќањето очекуваа пречек од соништата и статус на ѕвезди, но наместо тоа, наидоа на разочарувачка информација дека емитувањето на шоуто било прекинато после само четири епизоди и тоа пред повеќе од осум месеци, поради што гледачите верувале дека целиот проект е завршен.

Емисијата беше посветена на група луѓе кои не се познаваат меѓусебно и требаше да докажат дека се способни за една година да основаат сопствена заедница далеку од цивилизација. Од првобитната група одбрани за овој „социјален експеримент“, 13 учесници се откажаа, најчесто поради безмилосната клима.

Обидот да основаат општествена заедница далеку од остатокот од светот им носеше големи проблеми, од љубомора до кавги и глад.

„Последните десет си заминаа. На крајот се испостави дека емисијата била шега. Некои од учесниците беа видени на забар во Форт Вилијам откако јадеа храна за кокошки“, раскажа една локална жителка, Марија Макферсон.

Channel 4 порача дека емисијата Eden  ќе се врати на ТВ екраните од оваа година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …