Home Живот и здравје Направете храна за вашата мачка сами

Направете храна за вашата мачка сами

Направете вкусна ужинка за вашата мачка со свои раце

Нашите миленици немаат раце и не знаат како да зборуваат на човечки јазик, но сигурни сме дека сакаат да ни кажат: „Сакам вкусна вечера.“

Потрудете се и со малку труд подгответе домашен деликатес за вашата мачка. Вашето милениче ќе го цени вашиот труд и љубов.

Состојки:

– 200 грама туна
– 1 јајце
– 1 лажица растително масло
– 1/2 чаша овесни снегулки
– 1/4 чаша брашно од кафеав ориз
– 1/4 чаша чедар кашкавал

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180°C и постелете тава со хартија за печење.

2. Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете мазна смеса.

3. Со раце земете околу третина од мала лажичка од смесата и оформете топче. Ставете го на тавата.

4. Повторете го процесот додека не ја искористите целата смеса.

5. Секоја топчиња притиснете ја со прст, а потоа внимателно направете вдлабнатинки со стапче за да добие изглед на мачкина шепа.

6. Ставете ги во рерна и печете 10 до 15 минути.

7. Кога ќе се испечат, оставете ги убаво да се изладат, па потоа ставете ги во стаклена тегла со капак.

Забелешка: Овие колачиња се наменети како ужинка, а не како основна храна. Послужете ги со малку разредено млеко или млеко без лактоза.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…