Home Шоубизнис Најзгодниот криминалец за разводот: Не е причина неверството, туку ненадминливите разлики

Најзгодниот криминалец за разводот: Не е причина неверството, туку ненадминливите разлики

После осум години брак, таканаречениот „најзгоден криминалец на светот“, Џереми Микс, ги поднесе документите за развод од неговата сопруга Мелиса.

Со оглед на тоа дека неодамна беше фатен во прегратка со Кло Грин, ќерката од британскиот милијардер и сопственик на брендот Топ Шоп, медиумите пишуваа дека неверството е причината за разводот на бившиот затвореник. Но, тој тврди дека вистинската причина за развод се ненадминливите меѓусебни разлики со сопругата.

30-годишниот веќе познат модел поднесе барање за развод во вторникот, само еден  ден откако неговата сопруга Мелиса за медиумите изјави дека планира да се разведе.

Во документите за развод пишува дека парот бара заедничко старателство над синовите. Исто така, бараат имотот стекнат после 24 јуни, кога се разделиле, да се смета за засебен имот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …