Home Вебкафе Најскапиот вибратор на светот чека на своите палави авантури

Најскапиот вибратор на светот чека на своите палави авантури

Уникатниот вибратор декориран со две илјади ретки дијаманти е пуштен во продажба со вртоглаво и неразумно висока цена од 1,5 милиони евра.

Секс играчката е обложена со дијаманти по целата должина, а прекриена е и со сини и розови скапоцени камења со апсолутна чистота. Оваа екстремно скапа играчка сега ја очекува својата прва палава и љубопина, но и еднакво бесрамно богата сопственичка.

Автор на ова ремек дело од секс помагало е австралискиот златар Колин Брн, кој на изработката на овој вибратор посветил 15 години. Убеден е дека неговата креација ќе ја облагороди некоја жена со „кралско задоволство“.

„Уредот е апсолутно безбеден, сафирите и дијамантите се обработени на таков начин да не можат да предизвикаат повреди кај корисничката и на најчувствителните места од нејзиното меѓуножје“, гарантира Брн.

„Кралскиот“ вибратор е пуштен во продажба, а заинтересираните веќе се јавуваат од сите страни на светот. Креаторот не е изненаден од интересот.

„Ако луѓето се подготвени да плаќаат енормни суми за луксузни автомобили, станови и други скапоцености, сигурно нема да си дозволат да пропуштат искуство на задоволство со ваква играчка“, додава Брн.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 правила за животот на вашата мачка

10 правила за животот на вашата мачка Ако имате мачка како милениче, мора да го прочитате …