Home Вебкафе Најскапата пица во светот чини над 10.000 евра

Најскапата пица во светот чини над 10.000 евра

Најскапата пица во светот чини повеќе од 10.000 евра и се прави во Италија… Може да се нарача во крајбрежниот град Салерно.

Пицата е наречена „Луј Тринаесетти“, а рецептот е на готвачот Ренато Виола. Дијаметарот на порцијата е 20 сантиметри, а направена е од специјални состојки… Тестото се прави со органско брашно Арабија и се посипува со розова сол од реката Мареј во југоисточна Австралија. Потоа се додаваат три вида кавијар – „Осиетра ројал престиж“, „Каспија осиетра ројал класик“ од Иран, „Каспија белуга“ и седум вида сирење.

За да се подготви оваа пица потребни се 72 часа.

„Се разбира, има и други состојки. Најскапи се јастозите прекриени со коњак „Луј Тринаесетти“, којшто пак, вообичаено тешко се наоѓа на пазарот“, вели Виола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…