Најмалку шест лица убиени во вооружен напад на болница во чешкиот град Острава


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најмалку шест лица се убиени во вооружен напад кој утрово во 7 часот се случи во болница во чешкиот град Острава, јавуваат медиумите.

Полицијата ја евакуирала болницата и го бара напаѓачот, кој е во бегство. На местото на нападот се наоѓаат припадници на специјалната полиција.

Полицијата претходно јави дека четири лица се убиени, а двајца тешко се ранети, но во меѓувреме бројот на загинати се зголеми на шест.

Според непотврдени информации, напаѓачот бил облечен во црвена јакна.

„Полициската интервенција сè уште е во тек. За жал, во нападот животот го загубија повеќе лица. Нема да коментирам детали за тоа. Полицијата прави се што е потребно за да ја реши ситуацијата“, изјави чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамачек за чешката јавна телевизија. Чешките медиуми наведуваат дека пукањето се случило во една од амбулантите на болницата во Острава, град на североистокот од земјата.