Најмалку 32 загинати во стравичен директен судир на два воза на иста пруга во Грција (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најмалку 32 лица ги загубија животите, а десетици се повредени во железничката трагедија која се случи на северот во Грција, во која се директно се судрија два воза, објавија спасувачките служби, кои цела ноќ барале преживеани.

Несреќата се случи кај градот Лариса, пред кањонот кој ги раздвојува регионите Тесалија и Македонија, каде што воз со околу 350 патници се судрил со товарен воз кој доаѓал од спротивната насока. Причината за несреќата засега не е позната.

Патничкиот воз патувал од Атина за Солун кога директно се судрил со другиот воз, при што се запалил најмалку еден вагон.

„Слушнавме голема експлозија. Тоа беа кошмарни десет секунди. Се превртувавме во вагонот додека не паднавме на страна. Потоа настана паника. Кабли, оган. Пожарот избувна моментално“, изјави патникот Стерјос Миненис.

Околу 150 пожарникари и 40 амбулантни возила се на местото на настанот.

„Тоа беше многу моќен судир. Предниот дел на возот е смачкан. Ужасна ноќ, тешко е да се опише сцената“, изјави гувернерот на Тесалија, Костас Агорастос.

Портпаролот на пожарникарската служба Василис Вартакојанис кажа дека условите за спасувачките екипи се многу тешки поради сериозноста на судирот.

„Никогаш не сум видел вакво нешто во мојот живот. Пет часа подоцна, и натаму вадевме тела. Сведочиме на огромна трагедија“, изјави тој.