Home Вебкафе Најдоброто запросување во авион: Првин ја изваде од памет, па ја побара за сопруга (видео)

Најдоброто запросување во авион: Првин ја изваде од памет, па ја побара за сопруга (видео)

Ентони Бордингтон одлучи да ја запроси својата девојка на крајно необичен начин.

Ентони ја повикал на лет со авион што тој го управувал, импровозирал паника дека леталото паѓа и во момент на најголемиот стрес на неговата девојка и го поставил судбинското прашање.

Имено, тој во еден момент и рекол на девојката дека веќе не прима информации за контролата и дека ќе мора принудно да слетаат, по што и дал прирачник за итни ситуации.

„Овде е вереничкиот прстен. Започнете го процесот на негово ‘активирање’ и следете ги натамошните упатства“, пишувало на ливчето што и го дал.

Натаму, таа го пронашла и „упатството“ со главното прашање, по што сфатила за што се работи и почнала да плаче.

И, секако, на крајот рекла – ДА.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Плачете ли лесно на филмови? Откријте зошто тоа е знак на висока интелигенција

Ако филм те расплаче – знај, не си слаба, туку си генијалка! Си се фатила себеси како плач…