Над 1.000 летови одложени поради штрајкот на вработените во Луфтханза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Над 1.000 летови на Луфтханза се откажани денес поради еднодневен штрајк на германскиот персонал на авиокомпанијата.

Околу 134.000 патници мораа да ги променат плановите за патување или целосно да ги откажат. Најмалку 47 врски веќе беа откажани вчера, објави германската новинска агенција ДПА.

Најпогодени се главните центри на Луфтханза во Франкфурт и Минхен, но откажани се летови и во Дизелдорф, Хамбург, Берлин, Бремен, Хановер, Штутгарт и Келн.

Авиокомпанијата ги советува патниците да не доаѓаат на аеродромите бидејќи на повеќето шалтери таму и онака нема да има персонал.

Портпаролот на Луфтханза Мартин Леутке го критикува штрајкот како штетен.

„Луѓето кои сакаа да патуваат, кои долго планираа одмори, кои чекаа одмор, овие соништа за одмор, за жал, беа одложени … можеби дури и уништени од штрајкот“, изјави тој и додаде: „Овој штрајк е целосно непотребен, а исто така е и целосно претеран“.

Засегнати се и летовите со други авиокомпании, кои вообичаено се поддржани од копнениот персонал на Луфтханза. Самата Луфтханза денес посочи 646 откажувања на летови поврзани со штрајкот.

Синдикатот бара зголемување на платите за 9,5 отсто.