
Сузана Манчиќ се навикнала на разделбите со сопругот
Сузана Манчиќ веќе години е во среќен брак со Симеон Оцомокос, а нивната љубов ја одржуваат помеѓу Белград и Атина.
„Се разбира, врската на далечина има свои недостатоци. Ми недостасува неговото друштво кога треба да одам на гости кај пријатели, на некоја прослава или на некој општествен настан. Среќа што имам другарки кои тогаш ми го пополнуваат времето, но често сум сама. Ми недостасува и кога решавам некои важни животни проблеми. Среќа што сум навикната сама да се снаоѓам и таа независност дури ми доаѓа добро“ – искрена е Сузана.
Таа открива и што најмногу сака кај својот сопруг.
„Мојот Симеон е пред сè добар човек, праведен, нежен и грижлив, не само кон мене, туку и кон моите деца, фамилијата и пријателите. Поседува дисциплина и образование, а и професионално добро се разбираме. Сакаме да слушаме музика, да читаме, да шетаме во природа. Неговата најголема доблест е тоа што секогаш знае да ме насмее, многу е духовит. Да не беше така, немаше да бидеме заедно веќе 16 години – и во добро и во зло“ – изјавила Сузана своевремено, а сега додала дека разделбите повеќе не ѝ паѓаат тешко.
„Дојдов од Атина, отидов малку да го видам сопругот. Беше многу убаво. Таму секогаш ми е прекрасно, тој секогаш ми ги организира тие денови на начин што ги прави фантастични“ – изјавила за Блиц и додала:
„Почесто јас одам таму отколку што тој доаѓа овде. Секое патување е посебно. Веќе не плачам кога се разделуваме. Ете, тоа трае 25 години и стана нешто нормално“ – признала Сузана.