Home Вебкафе На плажа пронашла шише, а во него се криела порака стара 132 години!

На плажа пронашла шише, а во него се криела порака стара 132 години!

Една од најстарите пораки во шише на светот, напишана на германски, пронајдена е закопана на плажа во западна Австралија 132 години откако е фрлена во Индиски океан.

Шишето го пронашла Австралијката Тања Илмен додека шетала по плажата. „Изгледаше како прекрасно шипе па го зедов мислев дека добро ќе изгледа на мојата полица за книги“, вели Илмен.

„Девојката од мојот син ја откри пораката кога го тресеше песокот од шишето. Пораката беше замотана и влажна. Ја исушивме и видовме дека е напишана со блед германски ракопис“.

Датумот на пораката беше 12 Juni 1886 година. Во пораката пишуваше пронаоѓачот да ја врати во германската морнарска опсерваторија во Хамбург или во најблискиот германски конзулат. Боцата е фрлена од германскиот брод „Паула“ со цел истражување на океанските струи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …