На овој италијански остров можете да купите куќа за само 1 евро, но потоа мора да направите една работа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали би сакале да станете сопственик на убава куќа на романтична локација во преубав италијански град? Епа тоа е можно за само едно евро.

Ова ви изгледа супер и е премногу добро за да биде вистинито? Сепак, вистина е. За само едно евро може да купите куќа на преубаво место во Италија. Меѓутоа ако сакате да станете сопственик мора да се обврзете дека во потполно ќе ја реновирате својата нова куќа.

Во италијанското место Ололаи на Сардинија, градоначалникот Ефисио Арбау има план да привлече луѓе. Бидејќи поголем дел од жителите се стари и немаат деца, односно ова место брои вкупно 1300 жители.

Неговиот план е да се привлечат луѓе и да се зголеми популацијата. Иако куќата е скоро бесплатна, реновирањето ќе ве чини околу 30.000 евра.

„Се впуштив во мисија да ја спасам традицијата од заборав. Секогаш сме биле силни луѓе и нема да дозволиме градот да пропадне“ вели градоначалникот Ефисио Арбау.