На магистралата Кичево-Охрид прегазен примерок на балкански рис


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На магистралниот пат Кичево – Охрид овие денови беше најден прегазен примерок од балканскиот рис.

Телото на животното било најдено кај месноста Славеј Планина, соопшти Македонското еколошко друштво (МЕД), наведувајќи дека за прегазеното животно добиле повик од член на ловното друштво „Питон“, но и покрај напорите да му се укаже прва помош на животното, тоа починало од повредите на пат кон ветеринарната клиника во Скопје.

МЕД е организација која 12 година работи на зачувување на балканскиот рис како критично загрозено животно според критериумите на Светската унија за заштита на природата.

Од МЕД истакнуваат дека состојбата со балканскиот рис во Македонија се уште е критична и оти последната проценка е дека ова животно брои не повеќе од 50 возрасни единки.

„Овој трагичен настан уште еднаш ја покрева иницијативата за отворање на прифатен центар за диви животни во Македонија којшто ќе има голема улога во спасување на повредени диви животни и во којшто ќе треба да работат обучени ветеринари и биолози за работа со диви животни“, велат од МЕД.