МВР распиша национална потерница за бившиот претседател на Кривичен суд, Панчевски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


МВР распиша национална потерница за бившиот претседателот на кривичен суд Владимир Панчевски, во официјална изјава за јавноста информираат од ресорното министерство.

Три пати полицајците го барале за да го спроведат во притвор, но не го пронашле па сега полицијата прави оперативни проверки дали Панчевски е надвор од земјава, велат од министерството. Од поплднево потерницата е објавена на веб страната на МВР, во делот за потраги.

Ова следува откако, велешкиот суд каде му се судеше за злоупотреби на службената положба со АКМИС системот, денеска го добил известувањето од полицијата и издал наредба за распишување на потерница до СВР Велес за да го пронајдат и спроведат Панчевски во истражниот затвор во Шутка.

-Во предметот К.бр.242/19 на Основен суд Велес, денес на ден 14.07.2020 година по добиено известување од МВР, побарано е МВР – СВР Велес да издаде потерница за пронаоѓање и спроведување на обвиниот В.П. од Скопје во Казнено-поправна установа – Затвор Скопје -Скопје, заради извршување на мерка притвор определена со решение на судот од 10.07.2020 година.

На предлог на обвинителството, судот во Велес во петокот му определи притвор од 30 дена на Панчевски откако не се појави и на последното рочиште. Притворот е за обезбедување на обвинетиот на судење бидејки тој не примал покани за рочишта, но примал други судски решенија на истата адреса, објаснија тогаш од судот. Судскиот совет го разреши Панчевски лани и како судија.