Home Вебкафе Мрачната вистина за вистинската Покахонтас!

Мрачната вистина за вистинската Покахонтас!

Цел свет ја сака популарната приказна за Покахонтас која живеела на американско тло. Девојката која е потомок на оваа позната принцеза сакаше да ја претстави правата вистина за Покахонтас.

Моника Стретен е членка на племето Чикахомини од Вирџинија. Нејзиното племе било дел од Повхатан конфедерацијата, предводено од таткото на Покахонтас.

Таа истакнува дека амирканските народни приказни ја направиле приказната за Покахонтас премногу романтична, не сметајќи на фактот дека таа имаше само 11 или 12 години.

„Принцезата е искористена во политички цели и преговори со Индијанците“ вели таа.

Била приморана да се омажи и тоа со постар маж и да се пресели во Англија. Таму умре и повеже никогаш не ја виде својата татковина.

Таа нагласува дека нејзината приказна не е приказна за романтика, туку приказна за киднапирање и силовање.

Тара Хоуск, адвокат и член на едно племе, кажува дека претседателот на САД, Доналд Трам во еден неодамнешен говор ја нарекол амриканската политичарка Елизабет Ворен со името Покахонтас.

Тара истакнува дека луѓето во потполност ја измениле приказната за животот на Покахонтас и никој не спомнува дека била силована.

Погледнете го видеото:

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…