
Најмагичниот дезен за лето 2025 повторно е тука – и овојпат доаѓа во бран од бои, стил и морски сон!
Заборавете на минимализмот – ова лето слави максимализам, со принтови кои потсетуваат на бајка од длабочините на океанот, директно од светот на Мала Сирена. На фустани, здолништа, топови и модни додатоци, корали во виножитни нијанси, разиграни рипчиња и разнобојни морски суштества ги освојуваат модните писти и Инстаграм профилите, носејќи дух од Медитеранот, тропска елеганција и ведрина.
ПОДВОДНА МОДА НА ПОВРШИНАТА НА ГЛАМУРОТ
Инспирирана е од легендарната летна естетика на Амалфиското крајбрежје – со иконичниот топ од култниот ресторан Да Адолфо во Позитано и пролетно-летната колекција на Версаче од 2021 година, која ја постави основата на модерниот „мермајдкор“ стил. Во 2025 година, овој тренд се враќа со свежа енергија и уште повеќе игриви и интензивни детали.
РАЗИГРАНО, ЕГЗОТИЧНО, КАКО ОД БАЈКА
Модни брендови како Фарм Рио веќе ја слават оваа естетика – нивниот препознатлив стил вклучува весели, шарени рипчиња и тропски мотиви, совршени за модни авантури од Маракеш до Миконос. Но, оваа морска рапсодија не се задржува само на облеката…
Принтот со риби сега се шири и низ модните додатоци! Ѓердани со предимензионирани шарени рипчиња од ателјето на Бен-Амун, како и луксузниот накит на Емили П Вилер во виножитни бои, нудат гламурозна интерпретација на крајбрежниот стил – совршен за сите нас кои сакаме да изгледаме како морски божици.
Затоа, ова лето оставете ги неутралните тонови и ретките форми настрана. Потонете во моден свет кој ги слави боите, креативноста и морето. Бидете игриви, слободни, морски убавици во урбаниот свет.
Ние веќе подготвивме список на летни парчиња што мора да се имаат – а принтот со риби е на самиот врв. Погледнете ја галеријата и фатете го бранoт пред сите!