Home Шоубизнис Мокра до гола кожа – и кога врне, Генеа тоа го прави со стил

Мокра до гола кожа – и кога врне, Генеа тоа го прави со стил

На италијанската премиера на филмот „Куќата на Гучи“ во Милано беше присутна и актерката и модел Мадалина Генеа, која во ова филмско остварување го толкува ликот на младата Софија Лорен.

Мадалина на премиерата пристигна додека врнеше, но не дозволи тоа да ѝ го расипе моментот, туку направи спектакл. Имено, атрактивната 34-годишна девојка разиграно им позираше на насобраните фотографи во неколку провокативни пози, а сè изгледаше речиси како на филмски сет.

Во еден момент нејзиниот и онака тенок и тесен фустан толку се наводени што стана проѕирен, но тоа не ѝ пречеше на оваа убавица. Напротив, Мадалина како да пука од самодоверба!

Дождот ѝ ја уништи и фризурата на оваа Италијанка со романско потекло, но таа едноставно со раката ја разбушави својата бујна коса.

Инаку, таа избрала елегантна, раскошна тоалета од италијанскиот дизајнер Франческо Скоњамило, кој ја истакна нејзината витка, неверојатна фигура.

Овој бел фустан Мадалина го надополнила со детали од сребрен штрас на градите и бели сандали со ремчиња, како и многу бисерен накит, а доза холивудски гламур ѝ дадоа белите пердуви што ги носеше преку рамењата.

Да потсетиме, оваа дама важи за една од најубавите жени во Италија, каде што живее и работи од својата 15-та година. Тамошните медиуми ја нарекуваат „модерната Софија Лорен“ поради нејзината сличност со славната актерка. Погледнете ги фотографиите на Мадалина од оваа премиера во галеријата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…