Home Мода и убавина Модна бајка на Ријана: Машката елеганција и етиричната Штрумфета за само седум дена

Модна бајка на Ријана: Машката елеганција и етиричната Штрумфета за само седум дена

Прва станица — Париз и Диор револуција

Ако има некој кој знае како да ги помести модните граници и од секое појавување да направи спектакл, тоа е Ријана.

Само за неколку дена, славната пејачка, убавински магнат и неспорна модна икона, покажа зошто сите зборуваат за нејзиниот стил. На пистата на „Диор“ во Париз и на премиерата на анимираниот филм „Штрумфови“ во Брисел — Ријана успеа да спои две сосема различни модни приказни, а сепак остана верна на себе.

На најгласниот настан на машката модна недела во Париз, Ријана ги засени сите во специјално скроена „Диор“ комбинација дизајнирана од Џонатан Андерсон, новиот креативен директор на линијата „Диор Ом“. Нејзиното појавување на ревијата буквално ги запре сите камери — oversize машка кошула, совршено скроени сиви панталони, и највпечатливиот дел од стајлингот — пастелно-зелената варијанта на култниот прSLук на „Диор“ со долг, леprшав детаљ на задниот дел.

Андерсон со оваа колекција ја оживеа „Диор“ силуетата во едно сосема ново, флуидно и родово неутрално руво, а Ријана ја носеше таа визија со неверојатна леснотија. Нејзиниот изглед не беше само облека — беше модна порака.

На ревијата не беше сама. Во друштво на АСАП Роки и нивниот син Рајот, кој првпат присуствуваше на ваков настан, Ријана спои семејни моменти со висока мода — и сето тоа под светлата на Париз.

Подоцна таа вечер, на уште едно модно појавување, се појави во шик варијанта: широка кошула со линии, кратко мини здолниште со класичен дезен „пие де пул“ и неизбежната „Диор“ чанта — нов хит модел со потпис на Андерсон, инспириран од литературата.

Втора станица — Брисел и бајка во сино

Само неколку дена подоцна, Ријана се појави во сосема поинакво, но подеднакво впечатливо издание на светската премиера на анимираниот филм „Штрумфови“ во Брисел, каде што ѝ го позајми својот глас на прочуената Штрумфета.

На синиот тепих изгледаше како да излегла од некоја модерна бајка — облечена во етеричен „Шанел“ комплет во нијанси на бебешко сино. Горниот дел беше од лесен шифон, слоевит, проѕирен и романтичен, додека макси здолништето во истата пастелна палета ја заокружи оваа магична модна приказна.

Дискретни кристали, суптилни крилја на горниот дел и нежни текстури му дадоа на целиот изглед онаа недофатлива аура на модерна вила, а beauty деталите — полузатегната коса и минималистички накит — дополнително го засилија чувството на елеганција со доза бајковита магија.

Ријана ниту овојпат не одигра на сигурно. Од машката авангарда на „Диор“ до сонливиот гламур на „Шанел“, за само неколку дена покажа како се комбинира висока мода со личен стил и став. Зашто кога Ријана чекори — тоа не е само outfit, туку моден момент за кој зборува целиот свет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летната обувка од 90-тите повторно е во мода – и модниот свет е опседнат!

ЛЕТНА ОБУВКА ОД 90-ТИТЕ ПОВТОРНО Е ВО МОДА – И ЦЕЛИОТ ФЕШН СВЕТ Е ОПСЕДНАТ! Некогаш сметан…