Младиот рапер XXXTentacion крвнички убиен на Флорида


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Славниот 20-годишен американски рапер XXXTentacion бил изрешетан до смрт на Флорида.

Убиството на XXXTentacion било извршено вчера попладне пред продажен салон за мотори во Флорида. Непознатите напаѓачи го изрешетале раперот кој бил во неговиот автомобил и се избегале.

Како што пренесуваат светските медиуми, музичарот во попладневните часови отишол во салон со намера да си купи нов мотор. Кога излегол од продавницата, седнал во својот автомобил, а тогаш му се приближиле маскирани напаѓачи, по што еден испукал кон него неколку куршуми.

Очевидци велат дека раперот набрзо потоа починал од здобиените повреди. Полицијата интензивно трага по напаѓачите, а понудена е награда од 3.000 долари за оној кој има информација за убијците.

Раперот за кратко време стана многу популарен во САД, а неодамна беше ослободен од куќен притвор кој му беше даден откако ја претепал својата бремена девојка.

По објавената вест за смртта на раперот, преку социјалните мрежи се огласи и Канје Вест кој изрази сочувство.

„Почивај во мир. Не ти кажав колку голема инспирација ми беше додека беше меѓу нас. Ти благодарам што постоеше“, напиша Канје на Твитер.