Мицкоски: За ВМРО-ДПМНЕ францускиот предлог е прифатлив Брисел избрише четири дела од него


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски, побара Владата да го отфрли францускиот предлог, за тој да се откаже од барањето за предвремени избори, бидејќи според Мицкоски, ова не е преговарачка рамка со која се обезбедува европска иднина за земјава, туку е обид за асимилација и бугаризација.

„Му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие предлогот, а јас ќе се повлечам од барањето за избори. Сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги ставам на располагање да и помогнеме на владата да ги надмине предизвиците што оваа зима ќе се појават – безбедносни, енергетски и финансиски“, рече Мицкоски по лидерската средба.

Во однос на францускиот предлог, Мицкоски рече дека тој и неговата партија ќе го прифатат ако четири точки бидат избришани. За јазикот, според него, непотребно се прави триумф бидејќи никогаш не бил спорен.

„Да бидат избришани членот 11 и членот 14. Членот 11 од записникот е член кој детерминира дека Македонија нема да отпочне преговори се додека не го промени Уставот и нема да има Преговарачка рамка, а членот 14 се повикува на протоколот кој е дел од втората меѓувладина конференција помеѓу Македонија и Бугарија во кој се наоѓаат историските прашања, образовните, културните прашања, промената на учебниците и се она што изминативе денови како бугарска верзија можеше јавноста да го види. Тоа е тој протокол, членот 14“, изјави Мицкоски.

Потоа, побара тој, и во преговарачката рамка да се избиршат два дела:

„Делот каде што се наоѓаат годишните прегледи, тоа е делот каде што се Копенхагеншките критериуми согласно процесот на стабилизација и асоцијација. Да го избришат делот каде што стојат годишните прегледи и да го избришат делот каде што се повикуваат на записникот од втората меѓувладина конференција. И тогаш заедно да излеземе и да ја поддржиме. Овие 4 работи нека ги избришат.“

Мицкоски оценува дека отфрлањето на предлогот нема да ги влоши односите во змејава или да предизвика меѓуетнички тензии.

„Дадов предлог и да направиме чекор назад да застанеме во одбрана на македонскиот идентитет. Ги повикувам сите и Македонците и Албанците, Турците, Србите, Ромите. Нема потреба да предизвикуваме тензии. Тоа го прават само корумпираните политичари“, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски најави дека тие ќе продолжат со протести пред Владата.