Мицкоски го обвинува СДСМ за обид за купување пратеници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека звучни имиња од СДСМ се обидуваат да купат пратеници од коалицијата Обнова за Македонија.

Пред неколку дена такво нешто тврдеше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев велејќи дека СДСМ се обидува да купи 5 пратеници, без да истакне од која партија.

Причината зошто СДСМ може да направи нешто такво е дека им се потребни повеќе пратенички мандати за поддршка на парламентарното мнозинство кое ќе го формираат социјалдемократите.

Засега од СДСМ не ги коментираат ваквите обвинувања, откако дел од медиумите побараа нивна реакција во врска со истите.