Home Вебкафе Мистериозна кражба на Галапагос: Во еден ден украдени 123 гигантски желки

Мистериозна кражба на Галапагос: Во еден ден украдени 123 гигантски желки

Од Националниот парк Галапагос, кој е заштитена област како природно наследство на човештвото, објавија дека недостасуваат 123 џиновски желки, кои ги снемало минатиот вторник.

Животните биле чувани во центарот за развој на островот Изабела, најважен во архипелагот во Тихиот Океан, каде живеат овие загрозени видови животни

„Сите 123 желки исчезнаа наеднаш, ги снема минатиот вторник”, изјави адвокатот на Галапагос, Вашингтон Передес.

„Местото каде престојувале животните на островот Изабела не е заштитено и нема безбедносни камери“, додаде тој.

Центарот за развој е основан во 1993 на површина од два хектара со цел да се грижи за овој вид ретки животни , кои се пред изумирање.

Во јуни годинава 26 џиновски желки биле вратени на Галапагос од Перу, каде биле однесени од криумчарите со ретки животни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…