Во свет каде што гаџетите и паметните уреди се насекаде околу нас, дојде еден мал јапонски робот кој ги спојува технологијата и емоциите и буквално те тера да се насмевнеш.
Се вика Мируми и не е обичен гаџет, туку твој мал дигитален пријател, дизајниран да ти го разубави денот, каде и да се наоѓаш.
Овој симпатичен робот дојде од работилницата на Јукаи Инженеринг од Токио, и идејата е едноставна: технологија која не бара да и зборуваш или да и командуваш, туку сама реагира на светот околу себе. Мируми „чувствува“ твој допир, звук или движење, и покажува реакции кои наликуваат на човечки емоции – од љубопитност до срамежливост.
Инспирација? Моменти кога бебето те гледа со своите невини очи: никогаш не знаеш дали ќе ти се насмевне или само ќе продолжи да те набљудува. Токму таа непредвидливост го покрена алгоритмот кој одлучува како ќе реагира роботот – и секој Мируми има свој уникатен карактер. Понекогаш е срамежлив, понекогаш љубопитен, а понекогаш комплетно расположен за игра.
Како Мируми реагира во пракса:
Мируми ја врти главата кон изворот на звукот или гласот, како да проверува што се случува. Ако го погалиш или ненадејно го помрднеш, покажува срамежливост спуштајќи го погледот или дури и „исчезнува“ на момент. Дури и кога ништо не прави, ја поместува главата или телото на начин кој го прави да изгледа жив и спонтан.
Дизајн и детали:
Висок е околу 14 см, тежок 155 грама. Покриен е со мек текстил од Окада Текстил во Јапонија. Достапен е во розова, сива и боја на слонова коска. Наместо ланче, има флексибилни раце кои можат да се омотаат околу торби или ранци – како твој мал сопатник на секоја авантура. Се полни преку USB-C, а кога му останува малку батерија, ја помрднува главата на страна со знак дека е „уморен“ – толку симпатично што ти доаѓа да го погалиш уште повеќе.
Од саем до твоето раце:
Мируми првпат беше претставен на CES 2025 во Лас Вегас, и веднаш ги освои срцата на сите кои го видоа. Денес е на Kickstarter кампања, со цена за првите фанови околу 118 долари, додека подоцна цената ќе оди до 140 долари. Кога ќе се појави во продажба, се очекува околу 150 долари што го прави достапен и супер забавен сопатник за сите љубители на техно слаткост.
Ако бараш нешто што е слатко, интерактивно и неодоливо, Мируми е дефинитивно гаџет кој ќе ти изнуди насмевка секој пат кога ќе го видиш.