Малку лето, малку есен – и многу љубов во едно шишенце!
Есента има тој магичен шарм – топли бои на лисјата, мирис на печени костени во воздухот и романтични вечери осветлени со свеќи. Не е ни чудо што многу двојки го избираат токму овој период за да го изговорат судбоносното „да“. Но освен совршената венчаница, цвеќето и музиката, постои уште еден детаљ кој може да го подигне целиот настан на повисоко ниво – парфемот. Оној мирис што ќе се врежe во сеќавањата на сите присутни и кој тебе, години подоцна, ќе ти ја враќа сликата од тој ден во најживописни бои.
Есента е идеална за топли, сензуални и малку мистериозни мириси, кои носат ноти на зачини, ванила, амбра или опојно цвеќе. Мириси кои те обвиваат како кашмирски шал, а истовремено имаат доза на гламур и заводливост, подготвени твојот специјален ден да го претворат во сцена од филм.
Еве ги нашите омилени избори – за невестата, деверушите, гостинките… и сите оние кои сакаат да мирисаат незаборавно.