Home Шоубизнис Милица и Жарко годишнината од 26 години брак ја поминаа разделени – еве зошто

Милица и Жарко годишнината од 26 години брак ја поминаа разделени – еве зошто

Денеска Милица Милша Исаковиќ е во среќен брак со писателот и сценарист Жарко Јокановиќ. Се венчаа во 1999 година, а нивната љубов и понатаму трае со несмалено темпо.

Актерката својот приватен живот го чува од очите на јавноста и ретко зборува за себе во медиумите. Таа има син по име Антонио Исаковиќ, но јавноста сè уште не знае кој е неговиот биолошки татко.

Кога била на четврта година на Академијата, Милица останала бремена. Во едно интервју откри дека родителите ѝ биле најголема поддршка во тој период. Денес ја прославува 26-годишнината од бракот и е исполнета со семејна среќа.

Двојката се венчала во 1999 година, а според неофицијални информации, тие не се ни бакнале пред бракот. Од секогаш ја буделе љубопитноста на јавноста. Свадбата се одржала далеку од будното око на медиумите, а дури наредниот ден, по прославата со голем број гости, прифатиле нивните свадбени фотографии да бидат објавени во неколку магазини за животен стил.

Нема сомнение дека венчавањето на Милица Милша и Жарко Јокановиќ било токму како што ја замислувале нивниот најсреќен ден – лудо и незаборавно. Денес, по повеќе од две децении, нивната љубов сè уште опстојува.

По повод годишнината, Милица на својот инстаграм профил сподели видео со емотивна порака:

„Дваесет и шеста годишнина од бракот ја поминавме така што речиси и не се видовме. Едниот цел ден снимаше, другиот цел ден пишуваше. Но во секој миг бевме среќни за секоја година, месец, ден, час, минута и секунда во кои се сакавме, заедно дишевме, исти соништа сонувавме, иста радост делевме и секогаш бевме тука еден за друг. Одиме понатаму, среќни што тој ден засекогаш не спои. Само љубов.“

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …