Мијалков конечно го спроведоа во Кривичен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бившиот прв човек на македонската УБК, Сашо Мијалков, денеска беше спроведен од струшкиот затвор во Кривичниот суд на судење за случајот „Титаник 2“. Минатото рочиште беше закажанано за 22 декември, но Мијалков не беше спроведен поради техничка грешка (ха ха ха – уште се смееме на оваа евтина пародија 😀 ) меѓу комуникацијата на судот со затворот.

Поранешниот директор на УБК се гони за противзаконско влијание во изборните нерегуларности во 2013 година.

За овој случај Мијалков веќе еднаш беше осуден на тригодишна затворска казна, но првостепената пресуда беше укината од Апелација, по што судењето се врати од почеток.

Во моментов, судењето е во фаза на доказна постапка, но Мијалков на судењата може да оди сосема релаксиран.

Кривичното дело за кое се гони „Примање награда за противзаконито влијание“ му застарува за четири месеци, или во април 2023 година.

Во овој рок би можело да се стигне да се донесе првостепена пресуда, но невозможна мисија е таа да стане правосилна. Во таков случај судењето за екс директорот едноставно ќе запре поради констатирана застареност.