Home Шоубизнис Миа Калифа го трола голманот од Ливерпул, си влезе и Марио Балотели

Миа Калифа го трола голманот од Ливерпул, си влезе и Марио Балотели

Најголемиот трагичар на синоќешното финале од Лигата на шампионите беше голманот од Ливерпул, Лорис Кариус.

После загубениот финален дуел, Кариус плачеше, а го тешеа соиграчите и колегите од противничкиот тим на Реал Мадрид. Голманот им се извини на навивачите, а денес неговиот ноќен кошмар продолжи на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде почнаа на големо да го реметат и мезат.

A post shared by LORIS KARIUS (@lorisk21) on

Кариус пред неколку дена објави фотографија со опис „гледаме кон пехарот“, а илјадници навивачи му порачаа дека треба да гледа кон топката, а не кон пехарот. Во илјадниците коментари се приклучи и Миа Калифа која го тролаше голманот на Ливерпул со емотикони. Во мезето се придружи и Марио Балотели, кој на фотката од Кариус стави два пара очи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…