Home Актуелно Меркел не успеа да ги усогласи Заев и Борисов – ништо од приближувањето на македонските и бугарските ставови во Софија

Меркел не успеа да ги усогласи Заев и Борисов – ништо од приближувањето на македонските и бугарските ставови во Софија

Германската канцеларка Ангела Меркел не успеа на Самитот за Западен Балкан одржан во Софија, во рамките на Берлинскиот процес, да ги приближи македонските и бугарските ставови за решавање на македонско-бугарскиот спор кој е пречка за утпочнување на преговори за членство на Македонија во Европската унија.

Во своето обраќање премиерот Заев порача дека има обновен импулс и очигледна политичка поддршка за процесот на проширување и за спроведување на пристапните преговори и таа шанса треба да се зграпчи.

Бугарскиот премиер Борисов спомна ништо за барањата на Софија околу историјата и јазикот на Македонците, а во изјавата бугарскиот премиер кажа дека има многу симболика во заедничкото претседавање со Берлинскиот процес меѓу Бугарија и Македонија.

Германската канцеларка Ангела Меркел пак им порача на двајцата лидери да продолжат да соработуваат.

Со оглед на информациите за отфрлувањето на нон-пејперот подготвен од Германија за одблокирање на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ од страна на Бугарија, следен датум до кога се очекува евентуално решение за спорот е 17 Ноември кога ќе се одржи состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, на кој треба да се донесе одлуката околу преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…