Home Живот и здравје Менопаузата не е страшна! Совети како да останете смирени – буквално и во преносна смисла

Менопаузата не е страшна! Совети како да останете смирени – буквално и во преносна смисла

Валунзи, потење, несоница, нервоза и сите тие „убавини“ што ги носи менопаузата…

Да, свесни сме – не сте го избрале тоа, но добрата вест е дека постојат начини да ги ублажите симптомите и повторно да се чувствувате добро во сопствената кожа. И запомнете – и ова ќе помине!

Ако сте забележале дека одеднаш ве фаќа жештина, дека ноќе скокате од кревет цели во пот, и дека шминката не ви трае ни половина час – добредојдовте во светот на перименопаузата и менопаузата. Тоа е нормално животно поглавје за секоја жена, но не значи дека морате беспомошно да го издржувате.

Покрај валунзите и потењето, многу жени забележуваат промени на кожата, косата, па дури и во расположението – фризурата не се одржува, лицето се мрси или суши, а огледалото станува брутално искрено. Покрај сѐ, доаѓа и она фрустрирачко заборавање на секојдневни поими.

Што можете да направите? Првото и најважно – без паника. Постојат начини да си помогнете.

Мала школа за самозаштита во менопаузата

Храната како лек: Избалансирана исхрана богата со протеини, растителни влакна, витамини и антиоксиданси може да направи чуда за вашиот организам. Внесувајте доволно калциум, магнезиум и витамин Д3 за здрави коски, а Б12 за подобра меморија. Избегнувајте премногу кафе, шеќер, алкохол и лута храна – тие го поттикнуваат појавувањето на валунзи! Шише со ладна вода нека биде секогаш покрај вас.

Лесна гардероба: Заборавете на синтетика. Природни материјали како памук или лен, облекување во слоеви и проветриви ткаенини се ваши нови сојузници. Истото важи и за постелнината – ладни и пријатни материјали ќе ви го олеснат справувањето со ноќните валунзи.

Сон во свежа просторија: Спијте во разладена и добро проветрена просторија – квалитетен сон е половина здравје.

Кажете збогум на цигарите: Пушењето ги влошува симптомите на менопаузата – време е засекогаш да се збогувате со тутунот.

Движењето како терапија: Без разлика дали е тоа пилатес, пливање, јога или танц со пријателки – физичката активност помага да се чувствувате подобро, полесно да се справите со стресот и да го подобрите расположението.

Помалку стрес, повеќе уживање: Вклучете мали секојдневни рутини кои ве смируваат – прошетки во природа, домашни миленици, кафе со другарки, омилен хоби или медитација.

Природни сојузници од растенијата

Масло од ноќурка: Богато со фитоестрогени, помага при валунзи, ноќно потење и смена во расположението.

Билката црна кохош: Природно ги балансира хормоните, ги ублажува грчевите, мигрените и хормонските осцилации.

Корен од анѓелика: Ја зголемува продукцијата на серотонин, помага против валунзи и го подобрува расположението.

Ѓумбир и женшен: Го штитат срцето, ја подобруваат концентрацијата и го намалуваат чувството на замор.

Кантарион: Древен сојузник против валунзи, депресија, анксиозност и промени во телесната тежина. Но, внимавајте – може да влијае на дејството на други лекови, консултирајте се со лекар.

Црвена детелина: Извор на изофлавони кои го ублажуваат термалниот стрес, ги зацврстуваат коските и го подобруваат изгледот на кожата и косата.

Напомена: Билните препарати се одлични, но тешко е точно да се одреди дозата и времетраењето на употреба – затоа внимавајте, и секогаш користете ги со стручна консултација.

Медицински опции

Антидепресиви: Колку и да звучи неочекувано, покажале одлични резултати кај валунзи и ноќно потење.

Клонидин: Антихипертензив кој ја намалува фреквенцијата и интензитетот на валунзите, не содржи хормони, но може да предизвика сушење на устата и запек.

Биоидентични хормони: Персонализирани хормонски препарати прилагодени на вашиот хормонски профил, кои се подготвуваат во специјализирани аптеки, но бараат постојан надзор од страна на стручно лице.

Хормонска терапија: Класична замена на хормони (естроген, прогестерон, понекогаш тестостерон), достапна во различни форми: таблети, фластери, гелови, вагинални препарати или спирали. Одлуката за тоа се носи исклучиво во консултација со вашиот гинеколог.

Менопаузата не е крај на вашата виталност – напротив, со мал труд и вистински информации, можете повторно да заблескате и да ја вратите контролата врз телото и расположението. Наоружајте се со трпение, слушајте ги потребите на телото и пронајдете го комбинацијата што најмногу ви одговара. Повторно ќе бидете таа вистинската – можеби дури и подобра!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …