Home Шоубизнис Меланија остана без божиќен подарок од сопругот Трамп

Меланија остана без божиќен подарок од сопругот Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на прашање што купил за својата сопруга Меланија како божиќен подарок, призна дека сè уште нема купено божиќен подарок за првата дама на САД.

Првиот човек на САД го откри тоа за време на видео конференцијата на Бадник, односно при неговото обраќање до американските војници кои работат во странство, откако беше запрашан каков подарок ѝ купил на Меланија Трамп.

„Тоа е тешко прашање. И подарив најубава честитка досега, бидејќи сум многу зафатен. Многу љубов и љубов кон семејството. Се сакаме и имаме прекрасен однос каков што се надевам дека имате и вие со своите сопруги. Ќе одговорам вака – сè уште работам на божиќниот подарок. Останува уште малку време“, рече Трамп.

Доналд и Меланија Трамп на католички Бадник присуствуваа на миса во баптистичка црква, а потоа празникот го прославија во сала на неговиот имот во американската сојузна држава Флорида.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …