Редок, моќен и целосно природен еликсир кој ја менува играта во нега против стареење.
Во светот на clean beauty се појави нова ѕвезда – маслото од какај, кое ветува блескава кожа без иритации. Ако досега не сте слушнале за него – сосема нормално е, бидејќи станува збор за исклучително ретко масло што дури сега станува вирално меѓу љубителите на убавина, а причините за тоа се навистина импресивни.
Потекло и историја
Маслото од какај се добива од семето на дрвото Caryodendron orinocense, кое природно расте во Колумбија. Веќе со векови, домородните народи од Амазонија го користат ова масло за лекување на рани и изгореници поради неговите неверојатно регенеративни својства. Денес, се смета за „добро чувана тајна“ на природната нега против стареење.
Три работи што го прават несекојдневно
Тројно повеќе природен ретинол (витамин А) од популарното масло од шипка – ги обновува клетките и ги измазнува брчките, без сушење карактеристично за синтетичкиот ретинол.
50% повеќе витамин Е во споредба со аргановото масло – целосна заштита и интензивна хидратација на кожата.
Двојна доза на линолеинска киселина во споредба со арганот – идеално и за мрсна кожа затоа што го регулира лачењето на себум.
Зошто ќе го обожавате
Лесно есенцијално масло: Не лепи и брзо се апсорбира, оставајќи ја кожата свиленкаста и мека.
Вишенаменско: Во едно – делува како серум против стареење, хидратантен крем и третман за лузни и темни дамки.
Еколошка одговорност: Зголемената побарувачка доведува до програми за пошумување на Амазон, при што се садат нови дрвја какај наместо да се сечи шумата. Убавина со еколошка свест – што повеќе да се посака?
Како се користи
Маслото од какај е концентрирана природна состојка и бара внимателна употреба:
Нанесете 2 до 3 капки на чиста и благо навлажнета кожа навечер, наместо ноќна крема.
Може да додадете и една капка во омилениот хидратантен крем за дополнителен ефект.
Не заборавајте на вратот и на пределот околу деколтето – високата концентрација на витамин А помага за стегнување на кожата.
Иако се работи за природен ретинол кој не предизвикува фотосензитивност како фармацевтските производи, задолжително нанесете SPF следното утро.