Home Актуелно Маск му го реактивираше профилот на Трамп на Твитер – Доналд одби да се врати на социјалната мрежа

Маск му го реактивираше профилот на Трамп на Твитер – Доналд одби да се врати на социјалната мрежа

Новиот сопственик на социјалната платформа Твитер, Илон Маск, кажа дека профилот на Доналд Трамп повторно е активен откако спроведе анкета на која имаше мало мнозинство за потегот.

„Луѓето кажаа што мислат“, твитна Маск, откако 51,8 отсто од 15-те милиони учесници во анкетата гласаа да се укине забраната на профилот на Трамп.

Но, поранешниот американски претседател кажа дека не е заинтересиран да се врати на Твитер.

„Не гледам причина за тоа“, вели Трамп.

Профилот на Трамп на Твитер беше укинат пред 22 месеца поради ризик за поттикнување насилство, неколку дена откако неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот.

Неколку месеци подоцна, тој основаше своја социјална мрежа „Трут Соушл“ и вели дека ќе остане таму.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…