Марго Роби гола под сакото на премиерата на „Birds Of Prey“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На премиерното проектирање на нејзиниот нов филм „Birds Of Prey“ во Њујорк, холивудската актерка и австралиска шармерка Марго Роби ги импресионираше и „заскокотка“ присутните со нејзиниот моден избор.

Убавата русокоса се вивна во ѕвездите откако во 2013 година се појави со Леонардо ДиКаприо во филмот „The Wolf Of Wall Street“ и од тогаш ја носи титулата за една од најплатените актерки во Холивуд.

Оваа австралиска актерка владее со филмското платно, а на секое јавно случување со своето појавување таа привлекува многу внимание. Ни во Њујорк не беше ништо поразлично.

Роби блесна во бело сако со интересен дизајн под кое не носеше баш ништо во комбинација со широки црни пантолони. Добитна комбинација за чист сексапил, иако таа мораше да биде претпазлива за да не покаже повеќе отколку што било замислено.

Марго во последно време има прилично пополнет распоред, затоа што освен што работи на промоцијата на новиот фил, ја очекуваат и Оскарите каде што е номинирана за најдобра споредна женска улога во филмот „Bombshell“.