Замисли сцена од џунгла – мајмун што се фаќа за гранка, но никогаш не ја пушта сѐ додека не се фати за друга.
Токму од таму доаѓа изразот “Monkey Branching” – нов, но вознемирувачки феномен во современите љубовни врски, кој тивко се вгнездува во нашето секојдневие и на социјалните мрежи.
Во свет во кој љубовните врски се сѐ посложени, површни и непредвидливи, сѐ повеќе луѓе бараат нова “гранка” пред да се пуштат од старата. Ова не е само невино флертување – туку вистинска емоционална акробатика, игра помеѓу желбата за сигурност и стравот од осаменост, која за жал премногу често остава длабоки емоционални лузни.
Што всушност претставува Monkey Branching?
Се работи за однесување во кое некој не ја прекинува тековната врска додека не си обезбеди нова. Кај овие луѓе приоритет е никогаш да не бидат сами – секогаш подготвени на „план Б“ во форма на нова љубов, која чека во позадина. Оваа емоционална безбедносна мрежа, најчесто се ткае зад сцената — преку допишувања, тајни средби и интриги на социјални мрежи, а „стариот“ партнер останува без јасност, како да се лула на гранка која може секој момент да се скрши.
Најтажното во целата приказна е што ова однесување остава многу жртви – луѓе кои одеднаш остануваат сами, без најава, без објаснување. Тие се чувствуваат предадени, збунети и започнуваат да се сомневаат во себе и вредноста на љубовта. Се чувствуваат како да биле само привремен дел од нечија игра, наместо вистински, ценети партнери.
Од другата страна, личноста што „прескокнува“ често се носи со многу лични стравови – од осаменост, од соочување со болката по раскинување, па и страв од тоа да остане без емоционална поддршка. Иако може да изгледа како манипулација, Monkey Branching во суштина е одраз на длабока несигурност и потреба за постојана близина.
Како да го препознаеш овој токсичен танц?
Ако ти се чини дека твојот партнер со едната нога е веќе во нова врска, но сѐ уште не те остава, ако постојано го крие телефонот, се наврзува премногу брзо за нови личности и избегнува разговори за иднината — можеби е време да се запрашаш дали си дел од „мајмунското“ преминување од врска во врска.
Monkey Branching не е само тренд во модерниот љубовен живот – тоа е показател за она што го губиме во оваа ера на инстант врски и виртуелна поврзаност: довербата, искреноста и вистинското чувство на сигурност. Ако веруваме во вистинска љубов и меѓусебна почит, важно е да кажеме – време е да се држиме цврсто до една иста гранка.
Дали ќе бидеш храбра да избереш врска без „гранки“ или ќе дозволиш животот да те води од една на друга, без стабилност?