Кога Викторија Бекам ќе облече нешто — дури и кога станува збор за боја на нокти — целиот свет веднаш прави „screenshot“ и трча во козметички салон.
Оваа есен, поранешната „спајсица“ и модна икона не создаде тренд со фустан од писта или со чанта од соништата, туку со еден целосно ненаметлив, но „милион долари“ момент — совршен розов маникир.
Ова не е класичната „baby pink“ нијанса што ја гледаме секоја година, туку современа, шик верзија на францускиот маникир — елегантна, сјајна и доволно отмена за да се вклопи со сѐ: од деловен костум до најлежерни фармерки. Со еден збор: ноктите добиваат тој впечаток „изгледам скапо, без да се трудам“.
Зошто сите ќе го носат:
– Оди со буквално сѐ — од работни состаноци до вечерен излез со другарки
– Има луксузен изглед без потреба од циркони или сјај
– Совршено ѝ прилега на секоја боја на кожа и на секоја возраст
– Одлично се вклопува со златен и металик накит, кој инаку е голем хит оваа есен
Ако си во дилема кој маникир да ти стане заштитен знак оваа сезона, слободно инспирирај се од Викторија. Минималистички, шик и секогаш во тренд – токму како и таа.