Home Вебкафе Манекенки во фустани од чоколадо – задоволство „на квадрат“

Манекенки во фустани од чоколадо – задоволство „на квадрат“

Манекенки облечени во фустани изработени од чоколадо продефилираа на модна писта во Брисел, во рамки на модната ревија на која се собраа модни дизајнери и креатори на чоколади.

Една од 14-те креации на годинешниот Саем на чоколади беше шарен комбинезон со ливчиња чоколадо што се испакнати од ткаенината, пренесе Ројтерс.

„Тоа е мешавина од висока мода и белгиско чоколадо“, рече дизајнерката на моделите „Сикстин“, Ана де Молина, додавајќи дека поминала пет месеци работејќи на дизајнот кој вклучува илјадници парчиња чоколадо.

„Понекогаш е тешко да се каже кој дел од фустанот е всушност чоколадо, а кој дел е обоен“, рече таа.

Вториот фустан украсен со чоколади, кој, беше инспириран од карневалските маски, додека третиот имаше кафеави, беж и црвени ленти.

Со модната ревија беше отврен тридневниот саем за чоколади со работилници, дегустации и дискусии, за кои организаторот Жерар Паласоа проценува дека ќе привлече околу 25.000 посетители и учесници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…