Македонка, ќерка на наш политичар, уапсена на Миконос за шверц и продажба на дрога


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Девојка од Македонија, на социјалните мрежи кај нас позната инфлуенсерка, која е ќерка на политичар е една од уапсените на грчкиот остров Миконос за продавање на кокаин и екстази, пишува „Прототема“.

Девојката која уште е опишана и како 21 – годишна русокоса со многу следбеници на Инстаграм и чија мајка е правник/адвокат, оперирала заедно со уште двајца македонски државјани и еден познат либански ди-џеј. Лидер на групата бил 34 – годишен скопјанец, десна рака му бил 35 – годишен сонародник а четвртиот уапсен во групата, либанскиот државјанин, живеел во Атина и потекнува од ситуирано семејство.

Според грчкиот весник, секој член на групата имал свои задачи, а полицијата ги следела веќе подолго време. Инспекторите и полицајците на Миконос решиле да дејствуваат, пишува Прототема, кога групата одлучила да го напушти хотелот во кој била сместена. При апсењата и претресите се одземени 220 грама кокаин, 270 грама метаамфетамини, 437 таблети екстази и околу 160 грама канабис. Истрагата за идентификување на нивните контакти продолжува.

Либанскиот ди-џеј кој е уапсен како дел од групата се претставил како клиент на групата од Скопје. Пред полицијата, според Прототема, дал исказ дека тој само купувал дрога од криминалната група. Кај него полицијата нашла 3,7 грама кокаин.