Мајкл Даглас не ја сакал Шерон Стоун за улогата во „Ниски страсти“ – еве што го премислило


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Режисторот Пол Верховен е познат по еротскиот трилер „Ниски страсти“ од 1992 година, кој важеше за еден од најконтроверзните филмови во 90-тите со Мајкл Даглас и Шерон Стоун во главните улоги.

Но, Стоун во едно неодамнешно интервју откри дека таа не била првиот избор на Мајкл Даглас за улогата на писателката и убиец Кетрин Трамел, пишува IndieWire.

Во филмот, Даглас го играше детективот Ник Куран, кој работи на случајот со убиството на познат музичар. Главен осомничен за злосторството е познатата писателка Кетрин Трамел (Стоун), чиј криминалистички роман опишува речиси идентичен криминал.

American actors Michael Douglas and Sharon Stone on the set of Basic Instinct directed by Dutch Paul Verhoeven. (Photo by Sunset Boulevard/Corbis via Getty Images)

„Мајкл не би направил тест со мене“, рече Стоун. „Тоа беше голем ризик за него во тоа време.“

Верховен беше подготвен да работи со Стоун, откако заедно работеа на филмот Total Recall, но Даглас сакаше попозната актерка за толку важна улога. За да му угоди, Верховен покани и други актерки на пробно снимање, но ниту една не можеше да се мери со Стоун.

„Верховен рече: „Во ред, ќе направам пробно снимање со другите актерки, но после секоја ќе пуштам лента од пробното снимање на Шерон“. Имаа пробно снимање со 12, 13, 14 актерки, но ниедна од нив не можеше да ме надмине“, се сеќава Стоун. Така Мајкл конечно реши да направи проба со мене“.

Верховен го советувал Стоун да се фокусира на еротиката на нејзината улога за време на пробите, за да му докаже на Даглас дека е подготвена за сцени со голотија.

„Дојдов на сетот и носев костум на Армани на кое ги потрошив сите пари. Купив и речиси проѕирна блуза со боја на кожа и не носев ништо под неа. На пробата, на сред сцена, го соблеков палтото“, рекла актерката. „Видов дека Мајкл прво ме погледна, потоа го погледна Пол и му рече: „Избери ја неа“. Не се ни шминкав, верував дека сѐ треба да биде голо. А пробата помина одлично. Ја добив улогата“.