МАЈЧИНСТВО БЕЗ ФИЛТЕР: КОЈА СУМ ЈАС ОСВЕН ШТО СУМ МАЈКА?
Да се биде мајка е како да си лансирана во сосема нова димензија на животот.
Во еден момент си ти – пиеш кафе во тишина, а во следниот – целиот твој свет се врти околу пелени, плачење и безброј „мамо, мамо“ моменти. И да, од тебе очекуваат инстинктот да ти работи нон-стоп, да си постојано среќна и сè да оди лесно… но реалноста? Вистинска авантура, полна со предизвици, нови откритија и – повторно учење којa си ти.
Според зборовите на социјална работничка и психотерапевтка, мајчинството те тера да ги преиспиташ твоите граници, желбите, и она што ти е важно како мајка. Зашто како ќе бидеш најдобра мајка, ако не знаеш што ти одговара и што ти ја полни батеријата?
Како да се пронајдеш повторно, иако си мајка:
Времето за себе не е луксуз, туку суперсила: Дури и 5 минути со омилената песна, шолја чај или мало хоби може да ти го ресетира умот.
Зборувај си со нежност: „Го правиш најдоброто што можеш“, „Ти си важна“, „Сѐ е во ред“ – и ти и мајката во тебе треба да го слушнете тоа.
Мали ритуали, големо влијание: Неколку минути медитација, подолг сон, кратко шопингче – сè што ти ја подигнува енергијата и ти ја засилува присутноста.
Побарај помош без чувство на вина: Некој да внимава на бебето додека ти се одмориш или испиеш кафе на мир? Непроценливо.
Престани со споредувања: Твојата реалност е само твоја, сѐ друго е Инстаграм.
Кога ќе го направиш ова, мајчинството повеќе не е само „давање“. Постанува рамнотежа: ти си тука за бебето, но и за себе. Твојата енергија и радост растат, а односот со малечкото станува уште посилен и поискрен.