Home Вебкафе Мачево е по шетањето: За половина година прошетало 900 километри низ Европа

Мачево е по шетањето: За половина година прошетало 900 километри низ Европа

 Една Холанѓанка по шест месеци тага си го пронајде изгубениот мачор, Пепер. Тоа и не би било така невообичаено, доколку миленичето не е најдено во – Австрија, цели 950 километри од својот дом, јави телевизијата ОРФ.

Мачорот бил згрижен во една ветеринарна клиника. За среќа, имал и микрочип, по којшто неговата сопственичка и била пронајдена. На дамата и се посреќило и тоа што еден Австриец се пријавил доброволно да и го однесе мачето до нејзиниот дом.

Веројатно никогаш нема да дознаеме како тоа стигнало до Австрија, но едно е сигурно – наскоро Пепер ќе се врати дома.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

🔮 ChatGPT открива: Што вели талогот од кафе? Откриј каква порака крие твојот филџан!

Гледањето на кафе е стара традиција што луѓето ја користат за да дознаат што ги чека во ид…